Малиот град што го контролира светскиот интернет: Ако остане без струја, последиците би ги почувствувал целиот свет

Ашбурн во Вирџинија е еден од најважните градови за глобалниот интернет. Низ неговите дата-центри поминува најголем дел од светскиот интернет сообраќај.

Во САД постои мал и навидум незабележителен град кој има огромно значење за функционирањето на интернетот во светот. Станува збор за Ашбурн, во американската држава Вирџинија, место низ кое секојдневно поминува голем дел од глобалниот интернет сообраќај.

Иако изгледа како мирен и обичен град, зад затворените објекти без прозорци се наоѓаат стотици центри за податоци што ја одржуваат дигиталната инфраструктура на модерниот свет. Видео содржини, социјални мрежи, онлајн плаќања и бројни интернет услуги функционираат преку серверите сместени токму таму.

Експертите проценуваат дека дури 70 проценти од светскиот интернет сообраќај на дневно ниво минува низ Ашбурн. Во градот се присутни технолошки гиганти како Amazon, Google и Facebook, кои во регионот имаат огромни дата-центри.

Причината зошто токму овој град стана дигитално срце на интернетот е неговата близина до Вашингтон, силната енергетска инфраструктура и густата мрежа на оптички кабли. Развојот започнал уште во 1990-тите години со создавањето на една од првите големи интернет-разменски точки во САД.

Доколку Ашбурн би доживеал сериозен прекин на електричната енергија или технички колапс, последиците би се почувствувале низ целиот свет. Би можело да дојде до пад на веб-страници, прекини на социјалните мрежи, проблеми со стриминг платформите и финансиските трансакции.

Северна Вирџинија денес има повеќе од 600 центри за податоци, а токму Ашбурн се смета за централната точка на глобалната интернет инфраструктура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс