Search

Вирален тренд ,,Направи повеќе’’- Уметност со вештачка интелигенција

Интернетот постојано ги тестира границите на вештачката интелигенција, но со неодамнешниот тренд таа ги минува своите граници со тоа што ги генерира најбизарните можни слики. Трендот „направи повеќе“ бара основни иструкции , а истите ги ескалира во доменот на целосен апсурд – не запирајќи се додека добиениот резултатот е непрепознатлив.

Која е целта? Со оваа алатка можете да дознаете како изгледа најлутата храна или да го замислите најслаткото куче на светот – со сигурност претставува револуционерен напредок во светот на вештачката интелигенција.

Трендот го користи генераторот на слики на Open AI, DALL-E за да направи хаотични ремек-дела, кои многу лесно се создаваат. За да започнете, едноставно ви треба основно барање. На пример, можете да внесете: „Направи убава мачка’”, и оттаму генераторот на вештачка интелигенција може да ја направи се поубава сликата од животното (иако вреди да се напомене дека после одредена точка, „убавото “ станува малку застрашувачко).

Корисниците на социјалните мрежи за овој тренд испробаа голем број различни теми и различни описи, повикувајќи ја вештачката интелигенција да произведува сè поапсурдни слики. Честопати сликите ескалираат до толку живописна нејасност со што се создаваат многу величествени креации.

Креативноста што се применува во уметноста со помош на вештачката интелигенција продолжува да импресионира. Убавое е да се видат примери кога вештачката интелигенција се користи како забавна алатка, наместо да добиваме вознемирувачката содржина , а овој вирален тренд  е совршен потсетник за дека вештачката интелигенција има и забавна и поедноставна страна.

Извор: https://www.creativebloq.com/news/ai-generator-more-trend

Најново

Последни колумни