Вински фестивал во Битола од 7 до 9 мај, програма со музика и дегустации

Битола ќе биде домаќин на тридневен вински фестивал со настапи на домашни бендови и диџеи. Настанот ќе се одржи на платото пред Офицерскиот дом со дегустација на вина и гастрономска понуда.

Битола ќе пулсира во ритамот на виното, музиката и урбаното дружење од 7 до 9 мај, кога на платото пред Офицерскиот дом ќе се одржи „Вински фестивал Битола“.

Настанот ќе трае три вечери и ќе понуди комбинација од жива музика, диџеи и дегустација на вина од домашни винарии, надополнета со богата гастрономска понуда. 

Фестивалската програма започнува на 7 мај со настапи на диџеи и бендови, меѓу кои „Еликсир“ и „Пауза за ракија“, а вечерта ќе заврши со DJ сет. 
Во петок, 8 мај, сцената ќе ја преземат „Сити Бенд“, „Џубокс“ и Камерниот оркестар на Битола, додека вечерта ќе кулминира со настап на Гоце Saff. 

Големото финале е закажано за 9 мај, кога ќе настапат Б52, „Љубојна“ и „Паркети“, кои ќе ја затворат фестивалската атмосфера со енергија до полноќ. 

Освен музиката, посетителите ќе можат да пробаат различни вина и локални специјалитети, што го прави фестивалот повеќе од обично излегување – целосно искуство на вкус, звук и атмосфера. 

Овој фестивал веќе се наметнува како едно од поатрактивните пролетни случувања во градот, привлекувајќи љубители на добра забава од целата земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни