Кога музиката ти е дел од животот толку долго, тешко е да замислиш како би изгледал тој живот без неа. Ама ние сепак ја прашавме Викторија Лоба – што би правела доколку не беше музичар?
Во новата епизода на РеТРН гостува нашата Викторија Лоба, па со неа зборувавме за музиката, љубовта кон неа и за најзите почетоци.
Колку долго музиката е дел од нејзиниот живот? Дали некогаш се замислила во сосема друга професија? Што ја прави вистински среќна, што може да ја растажи и што е следното што можеме да го очекуваме од Лоба.
А кога веќе муабетот тргна толку добро, решивме дека тоа не е доволно.
Требаше да пробаме и нешто вирално.
Па, со кого да пробаш вирален денс ако не со Лоба?
Како ни помина танцувањето, кој подобро ги фати чекорите и што ни откри Викторија за музиката, животот и работите што допрва доаѓаат – гледајте во новата епизода на РеТРН.
