„Комодорe 64“ (Commodore 64), стар компјутер – популарен во 1980-тите, успеа да искомуницира со вештачкоинтелигентен бот „Чет-ГПТ“ за време на фестивалот на видеоигри „Лудикастело“ (LudiKastello) во Италија.
– Тоа беше демонстрација на интернет-врска преку стар „К-64“ поврзан со кабел на мрежата… Значи има можност за интеракција со „Чет-ГПТ“, со пишување одредени прашања или барања со тастатурата, на коишто вештачката интелигенција одговараше со прикажување на бараните информации на екранот, во реално време, изјави ИТ-техничарот Фабио Антими.
Како што јави „Телетурија ТВ“, компјутерската комуникација е постигната за време на 11. издание на фестивалот што се одржува во ренесансните простории на палатата „Вители“ во познатото село Сан Џакомо во средна Италија.