Две третини од вработените не сакаат да користат вештачка интелигенција на работа

Истражување на Adaptavist покажува дека 65 проценти од менаџерите и административните работници не сакаат да користат вештачка интелигенција на работното место поради грешки, дополнителна работа и намалена креативност.

Ново истражување на консултантската компанија Adaptavist, објавено од „Фајненшел тајмс“, покажува дека 65 отсто од вработените на менаџерски и административни позиции би претпочитале да не користат вештачка интелигенција (AI) во секојдневната работа.

Речиси половина од испитаниците велат дека проверката на информациите добиени од AI им одзема дополнително време, наместо да ја зголеми продуктивноста. Околу една третина сметаат дека ваквите алатки ја ограничуваат креативноста, додека други стравуваат од можни злоупотреби и неточни резултати.

„Фајненшел тајмс“ посочува дека некритичкото користење на AI веќе довело до случаи во кои адвокати и консултанти користеле неточни или измислени информации во професионални документи, што предизвикало правни и професионални последици.

Истражувањето покажува и дека работодавците сè почесто ги менуваат правилата за употреба на AI. По периодот кога вработените биле охрабрувани да експериментираат со овие алатки, дел од компаниите сега бараат нивната употреба да се намали поради зголемените трошоци.

Незадоволство изразуваат и софтверските инженери, кои сметаат дека користењето на AI не треба да биде мерило за успешноста на работата. Според нив, изборот на алатките треба да остане во рацете на професионалците, а не да биде наметнат од компаниите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс