Вештачка интелигенција: 10 опасни области каде алгоритмите можат да донесат неправда

Стручна анализа открива 10 клучни области каде вештачката интелигенција може да предизвика сериозни општествени проблеми – од јавна администрација и здравство, до образование, демократија и пазар на труд.

Вештачката интелигенција денес се смета за еден од најмоќните технолошки алатки на модерното време, но сè погласни се предупредувањата дека нејзината неконтролирана или неправилна примена може да донесе сериозни општествени последици. Анализата на експерти посочува дека проблемот не е во самата технологија, туку во начинот на кој таа се користи – особено во системи каде одлуките директно влијаат врз животите на луѓето.

Меѓу најризичните области се издвојуваат десет таканаречени „слепи улици“ на развојот на вештачката интелигенција:

Во јавната администрација, алгоритмите можат да ја забрзаат бирократијата, но и да создадат масовни неправди доколку грешно проценат граѓани без човечки надзор.

Во полициското работење, таканаречената „предиктивна полиција“ може да ги зајакне постоечките предрасуди, бидејќи се базира на историски податоци кои веќе се оптоварени со нееднаквости.

Пазарот на труд сè почесто се потпира на алгоритми за селекција на кандидати, што може да доведе до скриена дискриминација и повторување на истите пристрасности во повеќе компании.

Слични ризици се појавуваат и во образованието, каде вештачката интелигенција може да оцени стил наместо вистинско разбирање на материјата, како и во здравството, каде погрешна алгоритамска проценка може да има сериозни последици за пациентите.

Дополнително, AI системите сè почесто се користат во управување со работници, ментално здравје, па дури и во информирањето на јавноста, што отвора простор за дезинформации и губење на довербата во институциите.

Посебен проблем претставува и масовното генерирање содржини, кое ја намалува вредноста на оригиналната креативност, како и зголемената потрошувачка на енергија која ја прави технологијата сè помалку одржлива. Експертите предупредуваат дека клучното прашање не е дали вештачката интелигенција може да се користи, туку каде не смее да биде оставена без човечки надзор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс