Владата на Обединето Кралство предложи создавање заеднички пазар за стоки со Европска унија, но Брисел ја одби таа идеја, пренесуваат британски медиуми. Весникот The Guardian наведува дека ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабока економска интеграција преку Европскиот економски простор, што би подразбирало укинување на одбивањето на слободното движење на работна сила од страна на премиерот Кир Стармер.
Британски функционери изјавиле дека ЕУ не го отфрлила целосно концептот за единствен пазар на стоки и дека тој останува на маса за разговори на планираниот самит меѓу Брисел и Лондон во јули. Портпарол на британската влада соопштил дека се преговара за „амбициозен пакет мерки“, вклучувајќи санитарен и фитосанитарен договор за трговија со храна и пијалаци, како и дополнителни економски договори.
Владата на Стармер сè почесто зборува за економските трошоци од Брегзит, а министерката за финансии Рејчел Ривс изјавила дека Лондон е подготвен за поголемо усогласување со дел од правилата на ЕУ со цел намалување на трговските бариери.