Сообраќајот на регионалниот пат Велес – Езеро Младост е нормализиран, откако заврши увидот по сообраќајната незгода поради која делницата беше затворена од 17:00 часот.
Од АМСМ информираат дека по завршениот увид, во 19:25 часот, патниот правец повторно е пуштен за сообраќај. Нема повеќе прекин на движењето на оваа делница.
Според последните информации, сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, а фреквенцијата надвор од градските средини е умерена.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира возачите да возат внимателно, да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на делниците низ клисури, котлини и речни долини, каде што има можност за одрони.
Како поризични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.