Вардар поразен од Рига на 79. роденден – дефанзивните грешки скапо ги чинеа „црвено-црните“

Македонскиот шампион настапи без повредениот Дарко Велковски, а во стартниот состав го замени Филип Најдоски. Вардар поведе во 28. минута преку Диего Кастањеда, кој ја искористи лошата реакција на гостинската одбрана и донесе водство од 1:0.

ФК Вардар направи чекор назад кон пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига, откако загуби со 2:3 од Riga FC на Националната арена „Тодор Проески“. Поразот дојде токму на денот кога најтрофејниот македонски клуб го одбележа својот 79. роденден.

Македонскиот шампион настапи без повредениот Дарко Велковски, а во стартниот состав го замени Филип Најдоски. Вардар поведе во 28. минута преку Диего Кастањеда, кој ја искористи лошата реакција на гостинската одбрана и донесе водство од 1:0.

Сепак, радоста траеше кратко. Рига за само четири минути направи пресврт. Орландо Гало израмни во 35. минута, а Иаго Сикера во 39. минута ја искористи големата грешка на голманот Давор Талески и погоди за 1:2.

Родригеш израмни, Сикера повторно пресуди

Тренерот Кристијан Фабијани во второто полувреме ги внесе Немања Босанчиќ и Горан Закариќ, а промените брзо дадоа резултат. Во 66. минута Закариќ одлично асистираше, а новото засилување Герсон Родригеш со удар со глава го совлада противничкиот голман за 2:2.

Но, кога Вардар имаше иницијатива, нова грешка во играта беше казнета. По изгубена топка на средината од теренот, Андрес Салазар асистираше до Иаго Сикера, кој во 81. минута го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 2:3.

Фабијани: Вината е моја

По натпреварот, тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, ја презеде одговорноста за поразот.„Среќен сум од тоа како одигравме, но разочаран сум од грешките што нè чинеа пораз. Не му замерувам на Давор Талески, тој многупати го спасувал Вардар. Вината е моја“, изјави Фабијани.

Од таборот на Рига, тренерот Адриан Гула порача дека ништо не е решено и дека двомечот останува целосно отворен пред реваншот во Летонија. Реваншот меѓу Рига и Вардар ќе се одигра следниот вторник, кога македонскиот шампион ќе се обиде да ја надополни негативата од еден гол и да избори пласман во следната рунда од квалификациите за Конференциската лига.

е-Трн да боцка во твојот инбокс