Вака Викторија Бекам го организира просторот со гардероберите

Максимизирајте го користењето на вертикалниот простор

Викторија Бекам е име кое го поврзуваме со модата, па секое парче од нејзината гардероба привлекува големо внимание. Ова не се однесува само на облеката туку и на мебелот во нејзината гардероба. Овој пат окото на публиката го привлече самостојната решетка за која првпат дознавме во документарецот на Нетфликс, во кој нејзиниот сопруг Дејвид откри дека на неа му стои планираната облека за цела недела. За повеќето, ова е идеално решение за облека што треба да биде при рака.

Максимизирајте го користењето на вертикалниот простор
Овој вид на организатор на облека е всушност многу погоден за помали простори. Иако само по себе не е револуционерно откритие, лесно е да се занемари кога зборуваме за ефикасноста во средувањето на нередот што често се појавува при чистењето на плакарот.

„Кога сакате да го максимизирате складирањето на облеката, вистинските додатоци можат да ви помогнат да го користите просторот мудро, да избегнете хаос и да заштедите време при пакувањето“, изјави за Ideal Home Ричард Џозеф, ко-основач на Joseph Joseph.

е-Трн да боцка во твојот инбокс