Утрово нема активни пожари низ државата

Нема ниту еден активен пожар, 26 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Фото: Пожарникари Струмица

Ценатор за управување со кризи информира дека утрово до 07:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор.

Од нив нема ниту еден активен пожар, 26 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола.

Пожарот кој е под контрола е регистриран на депонијата во Делчево.

Во текот на изминатото деноноќие интервенции имало во повеќе општини низ државата. Горела ниска вегетација, грмушки, стрништа, отпад, депонии, а на неколку места биле зафатени и нискостеблеста и деградирана шума.

Пожари биле регистрирани во Петровец, Карпош, Бутел, Гостивар, Тетово, Василево, Кичево, Могила, Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Карбинци, Врапчиште, Сарај, Кисела Вода, Арачиново, Илинден, Центар Жупа, Боговиње, Новаци и Долнени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс