Трилерот „Енималс“ со Бен Афлек во главната улога постигна редок успех на Нетфликс. Филмот четири последователни недели беше најгледан на глобалната листа на филмови на англиски јазик, со што стана првиот филм објавен во 2026 година на кој му успеало тоа. Станува збор за резултат што досега го постигнале само неколку наслови на стриминг-платформата, пишува „СкринРант“.
„Енималс“ пристигна на Нетфликс во октомври, а уште во првата недела го освои првото место со 23,8 милиони прегледи. Во втората недела забележа 30,8 милиони, а во третата 10,7 милиони прегледи. Во четвртата недела остана на врвот со дополнителни 4,7 милиони прегледи. Така, во првиот месец собра вкупно околу 70 милиони прегледи, пренесува „Индекс“.
Реткост на листите на Нетфликс
Иако Нетфликс редовно објавува нови филмови, ретко се случува некој наслов да остане на првото место подолго од две недели. Во текот на 2026 година, дури 24 различни филмови го зазеле врвот на листата, но само два од нив, „Зе Рип“ и „Енималс“, се задржале таму повеќе од две недели.
Податоците за гледаноста покажуваат колку е тешко да се одржи интересот на публиката. Од јуни 2021 година, кога почнаа да се објавуваат неделните листи, вкупно 164 различни филмови се нашле на првото место. Само 85 од нив останале таму најмалку две недели, а само 19 успеале да се задржат најмалку три недели.
