Утре во Синеплекс бесплатна проекција на „Сестри“ на Дина Дума

Филмот „Сестри“ е во режија на Дина Дума, сценарио на Дина Дума и Мартин Иванов, а улогите ги толкуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска…

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на Сестри на Дина Дума.

Проекцијата е закажана за утре, 1 јуни во 19:00 часот во Синеплекс, а влезот е бесплатен.

Филмот „Сестри“ е во режија на Дина Дума, сценарио на Дина Дума и Мартин Иванов, а улогите ги толкуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска

Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана.Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање.

Маја е вљубена во Крис, и на една журка наместо да започнат нормална врска, Елена ѝ го презема дечкото на Маја.

Елена и Крис имаат орален секс на отворено, а Маја и Јана ќе го снимат тој настан со мобилен телефон и ќе го објават на социјалните мрежи. Животот на Елена станува пекол, и по судирот со Маја и Јана се случува страшен инцидент во кој исчезнува Елена. Сите се во потрага по неа, а пријателството на Маја и Јана е доведено во прашање…

Возрасна категорија: 12 години

е-Трн да боцка во твојот инбокс