„Уште еден чекор, и оживуваме“, просторна инсталација на Клелија Живковиќ во студиото Приватен принт

Просторната инсталација „Уште еден чекор, и оживуваме“ на Клелија Живковиќ ќе биде отворена на 7 мај во студиото Приватен принт во Скопје.

На 7 мај 2026 година, во студиото Приватен принт во Скопје, е закажано отворањето на просторната инсталација „Уште еден чекор, и оживуваме“ Клелија Живковиќ. Програмата за отворање вклучува разговор на Душица Лазова со уметницата со почеток од 18 часот и отворање на изложбата од 19 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 28 мај.

„Уште еден чекор, и оживуваме“, просторната инсталација на Клелија Живковиќ, го истражува оживувањето како радикална форма на отпор, отелотворен одговор на системите што функционираат на основа на угнетување, наследен срам и емоционално потиснување.

Инсталацијата го истакнува најзначајниот творечки метод на уметницата, а тоа е пишувањето. Извадоци од дневници, белешки од истражувачки процеси и фрагменти од проектни апликации од изминатите пет години во просторот на студиото визуелно се транформираат во читачка соба. Делото го прославува писмото како метод на себеспознание, а пишувањето како чин на заедништво и отворање кон другоста.

Клелија Живковиќ (р. 1989) е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Со формално образование во повеќе дизајнерски дисциплини, нејзината практика се поставува како теоретски, материјален и искуствен увид во границите; физичките, психолошките, емоционалните и спиритуалните бариери преку кои се разбираме себеси како суштества што заземаат простор и воспоставуваат врски со своето опкружување.

Оваа изложба е дел од групната изложба „Светло минато е пред нас“ курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова, првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во студиото на Приватен принт како дисперзирана програма од пет мали самостојни изложби во текот на целата година.

Изданието на „Светло минато е пред нас“ во 2026, е кофинансирано од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија и Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Програмата на уметнички разговори е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка со Tиииит! Инк. Skopje, а поддржана од Kvinna till Kvinna и на Амбсадата на Шведска во Скопје.


Линк до кураторскиот текст за изложбата „Светло минато е пред нас“ (на англиски):
https://privateprint.mk/mk/blog/a-bright-past-is-ahead-of-us

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни