Во најновата епизода на серијалот „Внимание, зборуваат граѓаните“ на Трн.мк, во соработка со Avenga Academy (академија која ги подготвува младите за реалниот пазар на труд преку практични вештини и меѓународна онлајн пракса) излеговме на улица да го откриеме современиот рецепт за успешна кариера. Кога ги прашавме младите што би ставиле во нивното „тенџере за успех“, колку грама диплома, а колку искуство и упорност, одговорите покажаа дека хартијата веќе не е главната состојка.
Младите сè повеќе им даваат предност на искуството, практичните вештини, амбицијата, комуникациските способности и реалниот кариерен напредок. Според нив, вистинското знаење се стекнува на терен, а не во амфитеатрите. „Искуството ти нуди многу повеќе можности за да успееш“, „Искуството дава сигурност и вистинско знаење“ беа дел од одговорите кои јасно укажуваат дека дипломата можеби е влезница, но практиката е тоа што гради кариера.
Но, што се случува кога на маса ќе се стави дилемата: меѓународна кариера од дома или пакување куфери?
Иако дел од соговорниците ги посочија познатите локални предизвици, во анкетата исплива еден нов и охрабрувачки тренд. Сè поголем број млади се свесни дека со вистинските вештини и практично искуство, денес можеш да имаш светска кариера и одлична заштеда без да мораш да заминеш надвор. Работата на далечина за меѓународни компании станува идеален избор за оние кои сакаат глобални услови, а сепак да останат во својата земја.
„Јас мислам дека сум еден од тие што ја одбира секогаш Македонија – мене тука ми е многу убаво и си ја сакам државата“, истакна еден млад граѓанин, поентирајќи дека кога ги имаш вистинските практични вештини, границите за работа исчезнуваат, а останувањето дома станува личен избор, а не компромис.