Search

Успешни луѓе кои отворено зборуваат за нивното искуство со канабисот

Затоа што живееме во време кога канабисот се уште е гледан како опасна супстанца што ќе ти го уништи животот, ги собравме едни од најинфлуентните луѓе во минатите години кои отворено го поставија прашањето, од што толку сме се исплашиле? Можеби ќе ви помогнат и на вас да не го разбирате животот со толкава стравопочит кон секое „глупо“ правило, затоа што така ќе можете навистина да го истражувате светот, рушејќи ги рамките на „нормалното“.

(„Revelations“) е последниот „специјален“ настап на Бил Хикс, снимен во 1992 година и го прикажува на врвот на неговата генијалност. Снимено во театарот „Доминион“ во Лондон, Бил Хикс ги отвора нашите очи за лицемерието и смешноста на светот околу нас.
„Господ оставил билки на планетата за луѓето да ги коирстат“ – Бил Хикс 1992 – Комичар

Кет Вилијамс, ја изведува неговата позната стенд-ап рутина, каде што опишува со леснотија како канабисот може да го подобри животот на луѓето. Истовремено, руга луѓе што нон-стоп пушат трева, бидејќи канабисот не треба да го користите за да се закопувате во истото место. Канабисот е за луѓе кои имаат некаков гол во животот.

Пушењето може да ви ја подобри перцепцијата за што навистина е битно во вашиот живот. “- Кет Вилијамс ~ 1990 – Комичар
Бил Гејтс – Научник/Филанртоп

Бил Гејтс е човекот кој ја основал „Мајкрософт“, компанијата која го дизајнира оперативниот систем „Виндоус“. Познат граѓанин на Вашингтон, кој во 2012 за време на референдумот за легализација на Канабисот, јавно изрази поддршка.

„Мислам дека луѓето ќе ја легализираат марихуаната такашто таа ќе биде означена, оданочена и регулирана од страна на владата“, рече тој. Исто така, он посочи дека нелегалната трговија со тревата на црниот пазар ќе се намали.

Поранешен претседател на САД.

Барак Обама отворено збори за употребата на канабис во неговите млади години во мемоарот „Соништа од мојот татко“. Тој го истакнува широкото културно прифаќање на растението и неговата улога во општеството помеѓу луѓето. Неговата отвореност поттикна дискусии околу придобивките од легализацијата на канабисот, вклучувајќи го и неговиот потенцијал да промовира релаксација и креативност.

Дури и полицијата знае дека законот против марихуана е смешен“ – Хантер С. ТомпсонНовинар и писател

Хантер С. Томпсон беше еден од најголемите приврзаници и промотори на канабисот во своето време. Неговите пишани и јавни изјави, заедно со активностите што ги поддржуваше, имаа значајно влијание во обликувањето на јавната свест околу канабисот. Томпсоновиот глас во медиумите и неговите апелации за легализација на канабисот имаа големо влијание во движењето за реформи во законите во САД и повеќе земји низ светот. Неговата ангажираност и неговиот авторитет како познат автор и новинар ја надминаа рамката на љубовта кон канабисот, со што го поставија него како важен глас во борбата за легализација.

Се надеваме дека со овие неколку примери ви покажавме колку навистина чекаме како луѓе да се освестат сите и да започне да се гледа канабисот како секојдневен алат, а не како страшна дрога. Со причина сите овие луѓе посветуваат дел од својата кариера во промовирање на марихуаната. Други луѓе кои отворено кажуваат дека консумираат канабис се: Вили Нелсон, Снуп Догг, Џо Роген, Конор МекГрегор, Дејв Чапел, Бил Мејхер, Луис ЦК, Ријана, Боб Дилан, Нејт Дијаз, Сара Силвермен, Боб Марли, Стив Џобс, Џорџ Карлин, Роџер Вотерс, Ози Озборн, Мајли Сајрус, Лејди Гага, Сетх Роген, Пит Дејвидсон, Џастин Бибер, Стивен Тајлер…

Среќен 4.20.2024!

Најново

Последни колумни