Претепана жена со деформиран лик примена во Ургентниот центар во Скопје

Претепана жена со повреди и деформитети на лицето била примена во Ургентниот центар во Скопје

Жена која била брутално претерана и со повреди и деформиран лик вечерва била примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави „Слободен печат“.

Повикувајќи се на двајца сведоци тие пишуваат дека жената била примена во болница во исклучително лоша и тешка состојба.

Жената била од Гостивар, а во болницата била повикана и полиција за да оствари информативен разговор со повреданата.


„Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено“ изјавил за „Слободен печат“ доктор Дејан Здравковски, супспецијалист по трауматологија и општа хирургија, и раководител на Ургентниот хируршки центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс