Жена со тешки повреди на лицето вечерва била примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави „Слободен печат“.
Според информациите што медиумот ги добил од два извора, пациентката била во исклучително тешка состојба при приемот, со бројни повреди на лицето.
Засега не се познати нејзиниот идентитет, околностите под кои настанале повредите, ниту дали случајот е пријавен во полиција. Нема ниту официјални информации за нејзината здравствена состојба.
