Според извештаите на медиумите, анонимно лице поднело тужба за сексуален напад против Пи Диди и уште две лица за кои таа тврди дека работеле за контроверзниот рапер во тоа време.
Дотичната жена, која во својата тужба тврди дека непосредно пред наводниот инцидент во 2000 година, ја напуштала работата како чувар на деца на Менхетен кога налетала на Пи Диди и неговите пријатели надвор од зградата. Таа истакнува дека во таа зграда живеела и една од поранешните девојки на Пи Диди.
„Шон Диди Комбс го започна разговорот, прашувајќи ја ‘каде оди толку доцна во ноќта и дека не е безбедно да се шета сама.’ Иако таа му кажала на Комбс, кој тогаш имал 30 години, дека 16-годишната девојка дека живеела зад аголот и дека ‘ќе биде добро’, тој наводно инсистирал да ја однесе дома“, се наведува во тужбата.
По неговото убедување, таа се согласила и влегла во автомобилот. Жената се присетила како „се исплашила кога не ја однеле дома како што ветиле“. Во тужбата таа тврди дека Пи Диди „ѝ дал да се напие за да ја смири“, поради што се чувствувала поспана и нестабилна.
Потоа продолжиле да возат до местото каде што Диди ја силувал. Жената изјавила дека неговите вработени подоцна ја однеле дома и ја оставиле на влезната врата.
Како и секогаш, адвокатскиот тим на Диди остро ги негираше обвинувањата.
За потсетување, Шон Диди Комбс беше уапсен на 16 септември во Њујорк и моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на неговото судење, кое е закажано за 5 мај 2025 година.