УНХЦР: Повеќе од половина украински бегалци ќе останат во Европа до 2029 година

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци проценува дека повеќе од половина од украинските бегалци ќе останат во Европа најмалку до крајот на 2029 година, доколку војната меѓу Украина и Русија продолжи или не се создадат услови за безбедно враќање.

Според анализата на УНХЦР, ако Русија ја задржи контролата врз окупираните територии, а привремениот статус на заштита за украинските бегалци во Европската Унија заврши во март 2027 година, околу 2,9 милиони луѓе би продолжиле да живеат во европските земји.

Тоа претставува околу 56 проценти од сегашниот број украински бегалци во Европа.

Организацијата разгледува и сценарио во кое продолжува актуелната состојба и руската агресија. Во тој случај, речиси сите украински бегалци, односно околу 5,16 милиони лица, би останале во европските земји до крајот на 2029 година.

Од друга страна, доколку Украина успее да ги врати окупираните територии до крајот на годината, УНХЦР проценува дека бројот на бегалци во Европа би се намалил на околу 32 проценти од сегашното ниво.

Проценките покажуваат дека иднината на милиони украински бегалци директно зависи од развојот на војната, безбедносната состојба во Украина и одлуките на Европската Унија за продолжување или промена на механизмите за заштита.

е-Трн да боцка во твојот инбокс