Украина брза кон ЕУ: Зеленски најави отворање на 6 преговарачки кластери додека војната продолжува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев е подготвен да отвори шест кластери во пристапните преговори со Европската Унија, додека војната со Русија и понатаму трае.

Украина интензивно го забрзува својот европски интегративен пат, и покрај тоа што војната со Русија продолжува на неколку фронтови. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да отвори дури шест преговарачки кластери во процесот на пристапување кон Европската Унија и очекува значителен напредок уште во текот на летото. Зеленски нагласи дека Украина ги завршила сите неопходни подготовки за следната фаза од преговорите и дека земјата нема да биде пречка во процесот на европска интеграција.

Во меѓувреме, Европската Унија веќе го започна процесот за отворање на првиот кластер во преговорите со Украина и со Молдавија, што се смета за важен чекор во приближувањето на Киев кон Брисел. И покрај дипломатскиот напредок, воените дејствија не стивнуваат. Руски и украински извештаи потврдуваат нови напади со дронови, пожари на енергетска инфраструктура и продолжени удари врз клучни индустриски цели во регионот.

Дополнително, нуклеарната централа „Запорожје“ повторно беше поврзана со електроенергетската мрежа по краткотраен прекин, што уште еднаш ги истакна ризиците од војната врз критичната инфраструктура. Со паралелното одвивање на дипломатски и воени процеси, Украина останува во сложена позициј, меѓу забрзаната европска перспектива и продолжената безбедносна криза на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс