Полицијата од СВР Скопје ноќеска лишила од слобода 19-годишен жител на скопското село Бојане, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Случајот бил пријавен на телефонскиот број 192 од таткото на осомничениот, кој пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село.
Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во шума во околината на Сарај, каде што 18-годишната жртва била застрелана со пиштол. По брза полициска интервенција, осомничениот бил приведен, а во меѓувреме биле пронајдени телото на жртвата и оружјето за кое, според првичните информации, се сомнева дека било употребено при извршување на делото.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот, против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истражните органи продолжуваат да ги утврдуваат сите околности околу случајот.