Актуелниот рекет број еден, Јаник Синер го откажа настапот на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал, Канада, кој ќе се игра од 2 до 13 август.
Претходно, настапот на турнирот го откажа и рекордерот по бројот на освоени Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ. Од претходно се знаеше дека на овој турнир ќе го нема Карлос Алкарас кој веќе подолго време е надвор од терените поради повреда.
Турнирот во Монтреал се смета како еден од главните подготовки, во пресрет на стартот на последниот гренд слем турнир во годината, Отвореното првенство на САД.
Со откажувањето на Синер, приматот прв носител во Монтреал ќе го има Александер Зверев, кој моментално е втор на АТП листата.