Пишувањето пораки на мобилен телефон често може да значи и губење на суптилностите во зборувањето и отвора можност да не бидеме добро разбрани. Дали напишаното е шега, дали е сериозно?
За среќа, WhatsApp нуди неколку трикови со кои пишувањето станува поописно и полесно за разбирање, но и за пренесување на посакуваната порака.
Корисниците на WhatsApp можат на пример да болдираат одредени зборови во нивните пораки, со цел да го потенцираат нивното значење, а исто така може и да ги пречкртаат.
Со ставање на ѕвездички, пред и по зборот, тој станува болдиран во пораката, а со ставање на брановита линија тој ќе биде пречкртан. Доколку се стават долни црти пред и по зборот, пак, зборот ќе биде напишан со италик.
Ваквите можности на WhatsApp не се нови, тие се достапни со години, меѓутоа многу корисници не се свесни за нив, а станаа популарни откако еден корисник направи видео прикажувајќи ги на TikTok.