Трик во супермаркетите што ве тера да трошите повеќе отколку што мислите

Експертите предупредуваат дека маркетите користат трикови што поттикнуваат импулсивно купување. Еве како да заштедите при секое одење во продавница.

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ја разнишаа и онака кревката светска економија, ги зголемија цените на енергенсите и создадоа нови инфлаторни притисоци ширум светот. Последиците сè повеќе се чувствуваат и во секојдневниот живот, бидејќи растот на цените на храната и горивата продолжува да ги оптоварува домашните буџети.

Според податоците на Eurostat, инфлацијата во еврозоната во април изнесувала 2,4 отсто, додека на ниво на ЕУ достигнала 2,6 проценти.

Во време кога цените на храната постојано растат, експертите советуваат купувањето однапред да се планира. Пред одење во продавница се препорачува правење список за оброците во наредните неколку дена, за да се купува само она што навистина е потребно. Така се намалува и фрлањето храна, но и непотребните трошоци што често настануваат поради импулсивно купување.

Замрзнатиот зеленчук може да биде практично и поевтино решение. Во многу случаи е и похранлив од „свежиот“ зеленчук кој со денови се транспортира до маркетите. Грашокот, гравот или замрзнатото шумско овошје затоа можат да помогнат за поголема заштеда.

Експертите предупредуваат купувачите да не наседнуваат на ознаките „акција“ и „намалување“ ако тие производи реално не им се потребни. Вистинската заштеда се постигнува кога оброците се планираат според производите што се на попуст, а не кога се купува само затоа што цената е намалена.

Сè повеќе производители применуваат и таканаречена „скриена инфлација“ – намалување на грамажата на производите, а цената останува иста. Поради тоа, купувачите се советуваат внимателно да ја проверуваат цената по килограм или литар, која е истакната на полиците.

Иако големите пакувања често изгледаат поисплатливи, ниту „семејните пакувања“ не се секогаш најдобар избор. Месото и понатаму е една од најголемите ставки во сметката за купување, но и тука може да се заштеди со попаметен избор. Пилешките копани со коска често се поевтини и повкусни од пилешкото филе, додека телешките ребра можат да послужат и за ручек и за подготовка на супа.

Експертите советуваат и да не се фрла храна веднаш по истекот на рокот ако производот изгледа и мириса нормално. Наместо автоматско фрлање, препорачуваат да се процени состојбата според мирисот, изгледот и вкусот. Дополнителна заштеда може да донесе и купувањето рефус производи, како ориз, зачини или јаткасти плодови, бидејќи кај нив не се плаќа дополнително пакување и маркетинг.

Експертите нагласуваат дека лојалноста кон само еден супермаркет ретко носи најголема заштеда. Пазарите често имаат поевтино овошје и зеленчук, а пред крајот на работното време цените дополнително паѓаат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс