Трамп тврди: Стармер ќе поднесе оставка, Би-Би-Си најавува можна одлука веќе утре

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Кир Стармер да поднесе оставка како британски премиер. Би-Би-Си објави дека одлука за неговото заминување би можела да биде соопштена веќе утре.

Американскиот претседател Donald Trump изјави дека очекува британскиот премиер Kир Стармер да поднесе оставка, обвинувајќи го за неуспеси во имиграциската и енергетската политика. Во објава на својата социјална мрежа, Трамп напиша дека Стармер „сериозно потфрлил“ во две клучни области – имиграцијата и енергетиката.

„Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство. Тој сериозно потфрли во две многу важни прашања, имиграцијата и енергијата. Му посакувам сè најдобро“, напиша Трамп.

Изјавата на американскиот претседател доаѓа во период кога во британската политика сè погласно се зборува за можна промена на лидерството во владејачката партија. Според информациите на BBC, повикувајќи се на извори блиски до британската влада, можно е Стармер веќе утре да објави временска рамка за своето повлекување од функцијата. Неколку добро информирани извори оценуваат дека расположението во владините кругови значително се променило во последните денови.

Шпекулациите за евентуалната оставка се засилија по растечкиот притисок врз Стармер во рамки на Лабуристичката партија и по сè погласните повици за ново лидерство, особено по враќањето на Ендт Бурнхам во британскиот парламент.

Доколку дојде до оставка, тоа би претставувало една од најзначајните политички промени во Обединетото Кралство по убедливата победа на лабуристите на изборите во 2024 година. Во моментов, од кабинетот на Стармер нема официјална потврда за најавите за негово повлекување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс