Трамп се закани со уништување на Иран: „Време е да се направи она што не е направено 47 години“

Трамп упати остри закани кон Иран, спомнувајќи уништување на инфраструктурата ако не се постигне договор, додека тензиите во Ормускиот теснец ескалираат.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри закани кон Иран, изјавувајќи дека САД се подготвени за „драстични мерки“ доколку не дојде до договор меѓу двете земји. Според изјава на новинарот на ABC News, Џонатан Карл, Трамп во разговор изјавил дека Иран направил „сериозно кршење“ на примирјето, но дека сè уште верува во можност за постигнување мировен договор.

Во порака објавена на неговата мрежа Truth Social, Трамп ја обвини иранската страна дека отворила оган во Ормускиот теснец, што, како што тврди, претставува директно кршење на договорот за примирје. Тој наведе дека биле загрозени и француски и британски бродови.

Во својата порака, Трамп додаде дека САД нудат „фер и разумен договор“, но предупреди дека во спротивно може да следи целосно уништување на иранската инфраструктура.

„Ако не прифатат договор, ќе биде уништена секоја електрана и секој мост во Иран“, порача Трамп, додавајќи дека „веќе не постои простор за попуштање“.

Според него, ова е момент кога треба да се стави крај на, како што го нарече, „иранскиот механизам за насилство“.

Напнатоста дополнително се зголеми по новите ограничувања за пловидба низ Ормускиот теснец, клучна светска рута за транспорт на нафта и гас. Иран претходно соопшти дека ќе го држи теснецот под строга контрола сè додека САД не ги укинат мерките против неговите пристаништа. Примирјето меѓу двете земји е во сила до 22 април, но последните настани укажуваат на сериозно влошување на односите и ризик од нова ескалација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни