Државниот секретар на Марко Рубио беше домаќин на ретка дипломатска средба меѓу претставници на Израел и Либан во Вашингтон, во обид да се намалат тензиите и да се отвори пат кон прекин на огнот.
Според дипломатски извори, средбата се одржала во вторник и претставува еден од ретките директни контакти меѓу двете страни во последниот период. Паралелно со тоа, Рубио остварил разговор и со либанскиот претседател Жозеф Аун, при што било нагласено дека дипломатските напори за прекин на огнот продолжуваат како вовед во поширок договор за мир, безбедност и стабилност во Либан.
Ова се први директни контакти на администрацијата на Доналд Трамп со либанскиот претседател откако тој стапи на функцијата, што сигнализира нов дипломатски ангажман на Вашингтон во регионот.
Трамп доцна во средата на социјалната мрежа Truth Social изјави дека неговата администрација „се обидува да создаде простор за дишење меѓу Израел и Либан“, додавајќи дека лидерите на двете земји би можеле да се сретнат веќе во четврток.
Сепак, ваквата најава засега не е официјално потврдена од ниту една од страните, што остава простор за неизвесност околу следните чекори и реалниот напредок на преговорите.
И покрај тоа, дипломатските сигнали укажуваат дека меѓународниот притисок за деескалација расте, а Вашингтон се обидува да ја преземе улогата на посредник во еден од најчувствителните безбедносни јазли на Блискиот Исток.