„Тиквеш“ триумфира во Јапонија со девет награди на винскиот натпревар SAKURA

Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022 ги освоија највисоките признанија, потврдувајќи го квалитетот на македонското вино на азискиот пазар.

Винарската визба „Тиквеш“ освои девет награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од најзначајните вински настани во Азија. Меѓу признанијата се две Гран-при награди, два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал.

Највисоките награди ги освоија вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Barovo Rosé 2024 доби двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, додека Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.

Меѓу наградените вина се и Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, како и Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои добија златни медали. Barovo Red 2021 беше наградено со сребрен медал.

Од „Тиквеш“ велат дека признанијата се резултат на долгорочната посветеност кон квалитетот и создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. „Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, посочуваат од винарницата.

SAKURA – Japan Women’s Wine Awards е натпревар со специфичен концепт, на кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија. Посебен фокус се става на квалитетот на вината и нивната усогласеност со азиската гастрономија.

Со повеќе од 4.000 пријавени вина годишно, SAKURA се смета за важна платформа за позиционирање на вината на јапонскиот и азискиот пазар. Со освоените девет признанија, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на македонското вино на глобалната сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни