Threads достигна 175 милиони активни корисници за една година

Одговорот на X на Илон Маск, Threads на компанијата Мета достгина 175 милиони активни месечни корисници, објави Марк Закерберг.

Оваа објава е на само неколку дена од годишнината од лансирањето на платформата, која се започна со работа на 5 јули 2023 година. По лансирањето на Threads, Маск и Закерберг започнаа вистинска расправа, а договорија и борба во кафез, која никогаш не се случи.

Сега, една година подоцна, Threads продолжува континуирано да расте, иако не со истото темпо како кога беше лансирана, додека X нема објавено нови податоци за растот на корисниците откако беше преземен од Маск.

Како и за останатите социјалните мрежи, така и за Threads, бројот на месечни корисници не е најдобар показател за тоа колку навистина се користи оваа мрежа. Мета се уште нема споделено дневни корисници, поради што експертите сметаат дека бројот на месечни корисници е поголем поради пренасочувањето од Инстаграм или Фејсбук. Threads редовно се промовира на Инстаграм, бидејќи двете апликации го делат истиот систем за сметки за корисници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни