Скопје синоќа беше домаќин на еден од најочекуваните концерти ова лето. Легендарниот британски бенд „Duran Duran“ настапи пред стотици обожаватели, приредувајќи вечер исполнета со енергија, носталгија и хитови што ја одбележаа светската поп и рок сцена.



Од првите акорди, публиката беше на нозе, а концертот се претвори во заедничко пеење на песни како „Ordinary World“, „Come Undone“, „Hungry Like the Wolf“, „The Wild Boys“, „Save a Prayer“ и „Rio“.
Фронтменот Сајмон Ле Бон неколкупати ѝ се заблагодари на публиката за топлиот пречек, додека бендот демонстрираше дека и по повеќе од четири децении на сцената сè уште звучи моќно и свежо. Концертот беше проследен со впечатлива сценографија, светлосни ефекти и визуелни проекции што дополнително ја засилија атмосферата.

За многумина ова беше повеќе од концерт беше патување низ музичката историја на еден од највлијателните бендови на 80-тите, кој и денес успешно ги обединува генерациите. Скопската публика ги испрати „Duran Duran“ со долги овации, оставајќи впечаток дека оваа вечер долго ќе се памети како едно од најзначајните музички случувања во градот ова лето.