Тешка сообраќајна несреќа кај скопскиот аеродром: Прекинат сообраќајот и пренасочување на возилата

Поради превртено возило на автопатот кај влезот кон Меѓународниот аеродром Скопје, сообраќајот е целосно во прекин и се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци.

Утрово на автопатот Куманово–Велес, во близина на надвозникот кај влезот кон Меѓународниот аеродром Скопје, се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно патничко возило се превртело. Според првичните информации од очевидци, во несреќата има повредени лица, но засега нема официјални детали за нивната состојба.

Сообраќајот целосно во прекин

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин. Возилата се пренасочуваат преку клучката Рафинерија кај Миладиновци. Полициски екипи извршуваат увид на местото на несреќата, а причините за превртувањето на возилото сè уште се утврдуваат.

Промени во пристапот до аеродромот

Од ТАВ Македонија соопштија дека е воведен изменет режим на движење кон терминалната зграда. Патниците и возилата се насочуваат преку алтернативни правци, а пристапот до аеродромот моментално се овозможува преку стариот влез.

Засега не е познато кога ќе биде целосно нормализиран сообраќајот кон аеродромот. Надлежните служби работат на расчистување на теренот и утврдување на причините за несреќата.

Извор Слободен Печат

е-Трн да боцка во твојот инбокс