Изложбата „Темната страна на Римската историја“, која се фокусира на откритие на масовната гробница на римските војници во Скупи, вечерва ќе биде отворена во Археолошкиот музеј во Франкфурт. Подготвена од покојната Ленче Јованова, оваа изложба сега е под кураторство на археологот Игор Кузмановски, кој ја води истражувачката работа на локалитетот. Изложбата ќе биде достапна за посетители до јуни 2025 година и се очекува да привлече над илјада посетители.
„Темната страна на Римската историја“ беше премиерно презентирана во Скопје 2017 година и веќе беше изложена во Подгорица, Требиње и Белград. Оваа изложба ја истражува судбината на обезглавените римски војници и се смета за значаен момент во археолошкото истражување на Балканот.