Францускиот институт во Скопје и Танц-фест ја најавуваат свечената гала вечер со која официјално ќе биде отворено изданието на Танц-фест 2026.
Настанот ќе се одржи во сабота, на 18 април 2026 година, со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар.
Публиката ќе има можност да проследи настап на ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, како и изведби на финалистите од првото издание на натпреварот кој го носи нејзиното име.
Во рамки на вечерта, Роксан Стојанов заедно со балетскиот танчер Антонио Конфорти ќе изведат фрагменти од претставата „Богородичната црква во Париз“, дел од репертоарот на Париската опера.
Организаторите истакнуваат дека целосната програма на гала вечерта е достапна преку официјалните канали, а билетите се веќе пуштени во продажба.