Тамара Тодевска е нашата нова гостинка во РеТрн, а доаѓа во период во кој отвора ново поглавје во својата музичка приказна.
По 25 години на сцената, Тамара неодамна го претстави „Кукла жива“ – нејзиниот нов визуелен албум составен од 10 песни и 10 визуелни приказни. Проектот доаѓа по долг период на создавање, а од повеќе од 30 композиции биле избрани десетте што на крајот го сочинуваат албумот. Зад музиката и текстовите стојат Тамара Тодевска и Коста Петров, додека продукцијата и аранжманите ги потпишува Џијан Емин.
Но во РеТрн не остануваме само на музиката. Со Дениз зборуваме за Тамара надвор од сцената – што ја прави среќна, што може да ја растажи и што би работела доколку не била музичар?
А „Кукла жива“ не е единствениот голем проект на Тамара периодов.
По долги години, на 7 декември таа повторно ќе застане пред македонската публика со голем концерт во арената „Борис Трајковски“. Концертот „25 години љубов“ ќе спои различни периоди од нејзината кариера – од песните што ја одбележаа низ годините до новиот материјал од „Кукла жива“.
Што подготвува за 7 декември, што може да очекува публиката и како изгледа подготовката за голем концерт по толку години?
Гледајте ја новата епизода на РеТрн