Астролошките толкувања најавуваат исклучително поволен десетгодишен циклус за Рибите, Близнаците и Вагите, пренесува хрватскиот портал Индекс. По години во кои изгледаше дека вложениот труд не се исплати и дека добрите шанси постојано изминуваа, овие три знаци на Зодијакот ги очекува пресврт. Наредната деценија им носи стабилност на финансиски план, напредок во кариерата и искрени односи во љубовта и семејството.
Рибите конечно ќе уживаат во плодовите од сопствениот труд
Припадниците на знакот Риби се познати по својата подготвеност да ги стават туѓите потреби пред сопствените желаби. Зад нив останува долг период на тивко вложување и трпелива работа без видлива награда.
Наредните години им носат сигурност и шанса за значително поопуштено секојдневие. На деловен план се отвораат подобри понуди и дополнителни извори на приход, а долгорочните вложувања почнуваат да се исплатуваат.
Најголемата промена за Рибите е внатрешна. Тие сфаќаат дека не мора секогаш да бидат единствениот столб за сите околу себе, па дел од својата енергија конечно го насочуваат кон сопствените потреби.
Близнаците го оставаат минатото зад себе и наоѓаат мир во љубовта
Иако во јавноста често изгледаат како лесно да преминуваат преку проблемите, Близнаците долго носат емотивен товар и нерешени дилеми. Тешко ги забораваат старите повреди, особено кога некои врски завршиле без јасно објаснување.
Новиот десетгодишен период им носи ослободување од потребата да го анализираат секој детал и да бараат одговор на секое прашање. Ќе прифатат дека зачувувањето на сопствениот мир бара оддалечување од луѓето и ситуациите што ги исцрпуваат.
На љубовен план им се отвораат врати за поискрена блискост без постојани сомнежи. Среќата за Близнаците во оваа деценија се мери преку чувството дека се прифатени токму такви какви што се.
Вагите излегуваат од зоната на комфор и ги реализираат старите идеи
Вагите постојано имаат нови планови, но често предолго чекаат да се поклопат сите коцки пред да го направат првиот чекор. Потребата за совршена рамнотежа и прекумерното анализирање на можните исходи во минатото ги чинеше пропуштени шанси.
Претстојниот период ги поттикнува да ја напуштат зоната на комфор. Идејата што долго ја чувале во тајност добива основа да прерасне во сериозен проект, потпомогнат од нови познанства, деловни соработки или промена на опкружувањето.
Астролошките насоки укажуваат дека Вагите нема да се откажат од целите само затоа што патот не е едноставен. Успехот доаѓа во моментот кога ќе престанат да го чекаат идеалниот миг и директно ќе тргнат во акција.
