Отворено гласањето за Superbrands: Граѓаните оценуваат брендови во 115 категории

Потрошувачите и стручно жири до 30 октомври избираат компании со најголема доверба и препознатливост на домашниот пазар.

Секојдневно избираме производи и услуги на кои им веруваме, се враќаме на брендовите со кои имаме добро искуство и ги препорачуваме оние што ги исполнуваат нашите очекувања. Токму овие искуства и перцепции се важен дел од приказната за секој успешен бренд, а од вчера, 18 октомври, потрошувачите имаат можност и директно да го искажат своето мислење во рамките на новото издание на Superbrands Macedonia 2026/2027.

Јавното гласање ќе трае до 30 октомври и ќе опфати 115 различни категории. Учесниците ќе можат да ги оценат брендовите со оценки од 1 до 10, според сопственото искуство и перцепција.

За учество е потребна регистрација со лична е-мејл адреса, а гласањето е достапно на следниот линк: https://superbrands.mk/glasanje/

По подолга пауза, Superbrands повторно се реализира во Македонија, отворајќи нов циклус на препознавање на брендовите што се издвојуваат на домашниот пазар. Изборот се темели на комбинација од мислењата на потрошувачите и стручна процена од професионалци од областа на маркетингот, брендингот, рекламирањето, дизајнот, односите со јавноста и бизнисот.

Целта е да се добие поширока слика за брендовите што успеваат да изградат препознатливо име, да ја задржат довербата на потрошувачите и да создаваат вредност во своите категории. Воедно, јавното гласање е можност граѓаните да бидат активен дел од процесот и да придонесат со сопственото мислење за брендовите присутни на македонскиот пазар.


Superbrands е меѓународна програма за препознавање и промовирање на брендовите што се издвојуваат по своите квалитети и позиција на пазарот. Новото издание на Superbrands Macedonia 2026/2027 ќе опфати брендови од различни индустрии и ќе претставува пресек на домашниот бренд-пазар и на односот што компаниите го градат со своите потрошувачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс