Судењето на Николас Мадуро во Њујорк ќе почне на 1 јуни 2027 година

Федералниот суд во Њујорк го закажа судењето на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро за 1 јуни 2027 година. Тој и неговата сопруга ги негираат обвиненијата за наркотероризам и други кривични дела.
epaselect epa12628899 Captured Venezuelan President Nicolas Maduro and his wife, Cilia Flores, arrive at the Wall Street Heliport during their transport to the federal courthouse for their arraignment in New York, New York, USA, 05 January 2026. EPA/Stringer

Судењето на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро по обвиненијата поврзани со трговија со дрога ќе започне на 1 јуни 2027 година пред федералниот суд во Њујорк, беше соопштено по прелиминарното рочиште на Менхетен. Мадуро беше уапсен од американските власти во Каракас на 3 јануари, по што беше префрлен во затвор во Бруклин. Против 63-годишниот поранешен претседател се поднесени четири обвиненија, меѓу кои и за наркотероризам.

Неговата сопруга, Силија Флорес (69), се соочува со три обвиненија. И двајцата ги негираат сите обвиненија.

Судењето одложено поради трошоците за одбраната

Во писмо испратено до судијата Алвин Хелерстин, јавниот обвинител Џеј Клејтон наведе дека и обвинителството и одбраната се согласиле судењето да започне во јуни 2027 година.

Одложувањето следува откако американската влада ѝ дозволи на Венецуела да ги покрие трошоците за правната одбрана на обвинетите, иако претходно тоа беше блокирано поради санкциите што САД ги имаат воведено кон земјата.

Мадуро: „Јас сум воен заробеник“

На своето прво појавување пред судот во Њујорк, кратко по апсењето, Мадуро се претстави како „воен заробеник“.

Според американските власти, тој бил приведен во воена операција во која, покрај копнените сили, биле ангажирани околу 150 авиони и хеликоптери.

И граѓанска тужба против поранешниот претседател

Покрај кривичната постапка, на почетокот на јули семејствата на петмина млади луѓе убиени во Венецуела поднесоа посебна граѓанска тужба против Мадуро, обвинувајќи го дека наредил нивна ликвидација како дел од поширока кампања на државно насилство.

По неговото соборување од власт, функцијата привремен претседател ја презеде Делси Родригез, која управува со земјата во услови на силен притисок од Вашингтон.


е-Трн да боцка во твојот инбокс