Реки луѓе пристигнуваат на големиот студентски протест во Белград

Граѓани од повеќе локации во Белград се упатуваат кон Славија, каде студентското движење организира голем протест со барање за вонредни избори.

Голем број граѓани пристигнуваат на неколку локации во Белград, од каде што ќе се упатат кон плоштадот Славија, каде денеска се одржува голем студентски протест под мотото „Студентите победуваат“.

Студентското движење ги повика граѓаните на Србија на протестен митинг со барање за распишување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.

Собирите почнаа од 13 часот на четири локации во Белград – во Земун, во близина на Правниот факултет, на Трг Републике и кај Автокоманда. Централниот протест на Славија е најавен од 18 до 20 часот, објавија студентите на Инстаграм.

Голем број граѓани се собраа на платото пред Земунскиот факултет, од каде конвојот треба да се упати кон Славија преку Бранков мост. По патот, се очекува да им се придружат и граѓани кај кружниот тек во Нов Белград.

Сообраќајот е блокиран и во близина на Правниот факултет, каде дел од граѓаните се собраа уште од 11:52 часот, во знак на почит кон загинатите при уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Граѓани постепено се собираат и на Трг Републике, а кај Автокоманда, која е затворена за сообраќај, студентите разговараат со граѓаните, делат значки и печатат маички.

Протестот на Славија се очекува да биде еден од најголемите собири во рамки на студентската кампања, која во изминатите месеци прерасна во едно од најзначајните граѓански движења во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс