Насилни судири избија денеска во Атина додека стотици илјади луѓе ширум Грција учествуваа на протестите со барање правда на втората годишнина од најголемата железничка катастрофа во историјата на земјата. Работничките штрајкови го парализираа воздушниот, морскиот и железничкиот сообраќај.
Во несреќата што се случи на 28 февруари 2023 година, загинаа 57 лица, меѓу кои и многу студенти, кога патнички воз се судри со товарен воз во близина на кањонот Темпи во централна Грција.
Иако поминаа две години, безбедносните пропусти кои доведоа до несреќата не се поправени, се уште не е завршена посебна судска истрага, а никој не е осуден за несреќата, што дополнително го зголеми гневот на јавноста.
🟡 BREAKING: Molotovs rain down on police as hundreds of thousands flooded Greece’s streets. Enraged protesters marking the second anniversary of the country’s deadliest rail disaster caused by institutional failure took to the streets in a general strike pic.twitter.com/Tgy1bworUE
— red. (@redstreamnet) February 28, 2025
Во градовите низ Грција се одржаа протести, во една од најголемите масовни демонстрации во земјата во последните години. Во главниот град Атина, протестот стана насилен кога група млади мажи фрлаа молотови коктели врз полицијата и се обидоа да ги пробијат барикадите пред парламентот.
Во центарот на градот одекнаа експлозии на солзавец од полицијата. Претходно голем број демонстранти се собраа на централниот плоштад Синтагма пред парламентот, извикувајќи „убијци“ и обвинувајќи ја државата за одговорност за трагедијата.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија десничарска влада беше реизбрана по несреќата во 2023 година, се соочува со повеќекратни критики од семејствата на жртвите поради тоа што не започна истрага за политичка одговорност. Владата негира каква било вина и тврди дека судството треба да ја истражи несреќата.
Протестите го одразуваат растечкиот гнев во Грција, каде недовербата кон владата е длабоко вкоренета по должничката криза 2009-2018 година, при која милиони граѓани ги загубија своите плати и пензии, додека јавните служби целосно пропаднаа.
THE POWER OF THE PEOPLE
— Angelo Giuliano 🇨🇭🇮🇹🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻🔻 安德龙 (@angeloinchina) February 28, 2025
NOW
Athens
ENORMOUS #strike rally
February 28 Greece General #strike
Mainstream media are staying silent. pic.twitter.com/cha32Pp1FO
„Владата не направи ништо за да ја донесе правдата“, рече Христос Мејн, 57-годишен музичар кој учествуваше на протестот во Атина. „Ова не беше несреќа, ова беше убиство“, додаде тој.
Една од демонстрантите, која се претстави како Еви, рече дека дошла да им оддаде почит на загинатите, „но и затоа што владата се обидела да ја прикрие вистината“.
Во објава на Фејсбук, Мицотакис изјави дека неговата влада ќе работи на модернизирање на железничката мрежа и нејзината безбедност. „Таа ноќ ја видовме најгрдата страна на земјата во националното огледало“, напиша тој за ноќта на несреќата. „Трагичните човечки грешки наидоа на хронична државна неспособност.
Опозициските политичари ја обвинуваат власта дека прикрива докази и ја повикуваат да поднесе оставка. Следната недела парламентот ќе расправа за можноста за формирање комисија која ќе ја испита политичката одговорност за несреќата.
Според анкетите спроведени оваа година од Пулс, 82 отсто од Грците сметаат дека катастрофата е „едно од најважните“ или „најважно прашање во земјата“, додека 66 отсто од нив се незадоволни од истрагите што се започнати.
„Секој ден пред нас се прикажува монструозната моќ на корупцијата“, рече Марија Каристијану, чија ќерка загина во несреќата и која раководи со здружението на семејствата на жртвите.