Стиви Никс објави песна инспирирана од борбата за правото на абортус и ги поддржа жените

Пејачката на Флитвуд Мек, Стиви Никс им се обраќа на Американките во „The Lighthouse“, новата песна инспирирана од борбата за враќање на правата за абортус во САД.

Никс ја напиша робусната, неверојатна рок песна по одлуката на американскиот врховен суд во јуни 2022 година да ја поништи пресудата Роу против Вејд од 1973 година дека Американците имаат уставно право на абортус.

„Луѓето се прашуваат што можеме да напраивме ние, како колективна сила за тоа. Јас можам да напишам песна. Помина некое време бидејќи бев на пат. Потоа, рано едно утро гледав вести на телевизија и одредена презентерка рече нешто што се чувствуваше како да зборува со мене – објаснувајќи што ќе значи загубата на Роу против Вејд. Ја напишав песната следното утро и ја снимив истата вечер“ вели Никс.

„Тоа беше 6 септември 2022 година. Оттогаш работам на тоа. Честопати сум си рекла: ‘Ова е можеби најважното нешто што некогаш ќе го правам. Да се ​​залагаме за жените од Соединетите Американски Држави и нивните ќерки и внуки – и мажите што ги сакаат. Ова е химна“ вели Никс.

Во песната, Никс се претставува себеси како светилник, водејќи ги жените во кампања за своите права. „Сакам да ги научам да се борат / Сакам да им кажам дека ова се случило порано, не дозволувајте да се повтори“, пее таа.

Рефренот е исто така повик за акција: „Ќе ти ја земат душата, ќе ти ја земат моќта, освен ако не станеш, земи ја назад / Обиди се да ја видиш иднината и налути се / Ти се лизга низ прсти, го немаш тоа што го имаше / И немаш многу време да го вратиш“.

Никс е поддржана од Шерил Кроу, која свири гитара и бас и пее придружни вокали. Кроу исто така беше копродуцентка на песната со 13-кратниот добитник на Греми Дејв Коб.

„The Lighthouse“ е објавена среде изборната кампања во САД каде пристапот до абортус е една од темите за која разговараат претседателските кандидати.

Доналд Трамп ги постави врховните судии кои ја донесоа одлуката за поништување на Роу против Вејд и се фали со тоа.

„По 50 години неуспеси, успеав да го уништам случајот Роу против Вејд“ рече Трамп. Во кампањата тој исткна дека не е работан а федералната влада да го уредува абортусот и дека тоа треба да ги прават самите држави.

Камала Харис постојано го критикуваше Трамп за ова прашање, карактеризирајќи го на почетокот на оваа недела како „личноста која рече дека жените треба да бидат казнети за извршување на одлука што тие, со право, треба да можат да ја донесат за сопственото тело и иднината“.

Со законот за абортус сега донесен на државно ниво, 14 држави го забранија абортусот, а други 11 се однесуваат „непријателски“ кон абортусот, според Центарот за репродуктивни права. Истражувањето објавено овој месец покажа дека лекарите се принудени да обезбедуваат супстандардна нега со тоа што ќе ги натераат жените да ја доведат неодржливата бременост до крај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни