Стивен Тајлер трајно ги оштетил гласните жици, Аеросмит ја откажаа турнејата

Фото: daigooliva, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Музичката група Аеросмит ја откажа турнејата и нема веќе да настапува, откако гласот на фронтментот на бендот, Стивен Тајлер бил трајно оштетен по повреда на гласните жици минатиот септември.

„Помина месеци неуморно работејќи на тоа да го врати гласот. Сепак и покрај тоа што работеше со најдобрите медицински тимови, гледавме како се мачи. Јасно е дека целосно опоравување на гласот не е можно“ наведуваат од бендот.

Тајлер минатиот септември објави дека ги повредил гласните жици за време на турнејата „Peace Out: The Farewell Tour“. Тогаш рече дека повредата на гласните жици му предизвикала крварење, но изрази надеж дека бендот повторно ќе настапува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс