Светски познатиот диџеј Steve Aoki ќе настапи во Македонија на 2 август, по повод одбележувањето на 35 години независност на државата.
Настанот ќе се одржи на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.
Концертот е дел од програмата со која започнува одбележувањето на јубилејот, кое ќе кулминира на 8 септември. Организаторите најавуваат почеток на прославата токму на Илинден, еден од најзначајните историски датуми за земјата.
Покрај Steve Aoki, на сцената ќе настапат и домашни диџеи – CYRILLIC, TASEV, MONARCH и FACE, со што на публиката ѝ се ветува целовечерна музичка програма.
Организатор на настанот е Avalon International Booking, кои најавуваат дека станува збор за едно од најголемите музички случувања ова лето во Македонија.