Италија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 години

Малолетници на возраст меѓу 13 и 15 години ќе можат да ја користат услугата само ако нивните сметки се поврзани со сметките на еден од нивните родители

Италија е последната во низата земји што го ограничува пристапот до социјалните медиуми за малолетници, по примерот на земји како Австралија, Бразил и Грција, а се очекува парламентот да одобри владин декрет до крајот на годината. На децата под 13 години ќе им биде забрането да имаат сметки на социјалните медиуми.

Малолетници на возраст меѓу 13 и 15 години ќе можат да ја користат услугата само ако нивните сметки се поврзани со сметките на еден од нивните родители. Независни сметки ќе бидат дозволени за малолетници од 16 години.

Амандманот има поддршка од владејачката коалиција.

Мерките се дел од амандманот на безбедносниот декрет за кој се дискутира во парламентот, а се очекува да биде усвоен до крајот на декември. Амандманот, кој го виде Ројтерс, сè уште не е официјално презентиран, но има поддршка од десничарската коалиција на премиерката Џорџија Мелони.

Според парламентарни извори, речиси сигурно е дека ќе биде усвоен. „Овој амандман би можел да биде пресвртница за сите родители кои се борат со дигиталната зависност на своите деца, како и за самите малолетници“, рече Фабио Рампели, пратеник од партијата „Фратели д’Италија“ на премиерката Џорџија Мелони.

Социјалните мрежи ќе мора да ја потврдат возраста на корисниците

Според сегашниот предлог, кој би можел да биде предмет на промена за време на парламентарната дебата, образовните апликации се ослободени од забраната. Извори велат дека компаниите што управуваат со социјални мрежи ќе мора да ја потврдат возраста на своите корисници, следејќи ги упатствата што ќе ги изготви италијанскиот телекомуникациски регулатор (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето во сила на регулативата.


Компаниите за социјални медиуми ќе се соочат со барања за промена на своите алгоритми поради растечката загриженост низ целиот свет дека нивните платформи придонесуваат за криза на менталното здравје кај децата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс