Студентите велосипедисти од Србија, кои веќе неколку дена возат на релацијата од Нови Сад – Стразбур, пристигнаа вчера вечер во Стразбур, каде ги пречекаа собрани граѓани.
Дочекани беа со повици „пумпај, пумпај“, а потоа беше отворен и шампањ.
Стразбур е последната точка на нивното патување, на кое тргнаа на 3. април од Нови Сад, со цел да привлечат внимание на европската јавност за ситуацијата во Србија. Кон Стразбур заминале 80 студенти и сите пристигнале до последната точка.
За студентите беше организиран дочек на Клебер плоштадот во Стразбур, каде се собраа многу граѓани, млади луѓе, деца, како и редари кои ги регулираат сите случувања. Свиркат, скандираат, пеат, скокаат, а присутни се и телевизиски екипи од Белград.
На студентите им беше простран црвен тепих, кој ги чекаше во сите градови низ кои поминаа на патот до Стразбур.
Се очекува дека утре ќе започнат со обиколка на европските институции, а засега не се знае точниот план. Колку што се знае, утре треба да се соберат пред Советот на Европа, каде ќе започнат со 16 минути тишина за 16-те настрадани во Нови Сад.