Ученици на Трета белградска гимназија ги поддржаа студентите. Тие сами снимиле и монтирале видео на кое се гледа како прават транспаренти за протестите и како одат да им се приклучат на протестниот собир.
„Кој ако не ние, кога ако не сега“, пишува на еден од транспарентите на гимназијалците.
„До кога ќе живееме во денови на жалост“, е пораката на уште еден транспарент овие белградски средношколци, кои потсетиле на деновите на жалост по масовните убиства во ОШ „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во Младеновац, како и на загинувањето на 15 луѓе во падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови.
И новосадските средношколци, собрани околу неформалната група „Сома“, вчера вечер на Платото на слободата одржаа протестно собирање, барајќи од актуелната власт одговорност за 15-те загинати во падот на надстрешницата на Железничката станица во овој град, но и како знак на поддршка на студентите во бунтот против власта.
Неколку стотици средношколци го означиле почетокот на протестот со свирење, а потоа со 15-минутна тишина одале почит на загинатите на Железничката станица во овој град.
Учесниците на собирот носеа транспаренти со натписи: „Да не се повтори кога ние ќе бидеме студенти“, „Мислам – постојам и затоа овде стојам“, „Падна сѐ, па ќе паднете и вие“, „Сè по закон?“, „Дали сме и на ова натерани?“, „Средношколци со студентите“, „Крвта тече погусто од вода“, „На младите светот им останува“, „Никој не нè тера на ова“.
„Денес сме во време каде што промената е клуч, клуч што ќе ја отвори вратата за добро во ова време полно со зло“, велат средношколците.
Тие се упатиле од протестот кон Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, за да им достават пораки на поддршка на студентите кои се во блокада.
На протестот им се придружиле и бројни граѓани, а протестот е обезбедуван од страна на Припадниците на Полицијата во Нови Сад кои ги снимаат учесниците на собирот кој поминал без инциденти.