Споделете го вашето искуство со нас! Дали физичкиот изглед e поен плус на работното место?

Дали вашите надредени некогаш го коментирале вашиот изглед? Дали на разговори за работа сте доживеале поважен критериум за вработувањето да биде вашиот изглед или години отколку компетенции? Споделете го со нас вашето искуство.

Бидејќи сексизмот сè уште е присутен во нашето општество истражуваме дали и колку е значаен при вработување на жените или девојките. Драги жени, важни ни се вашите искуства и ставови на овие теми со цел прибирање на суштински информации. Затоа, ве прашуваме:

·         Дали некогаш сте почувствувале дека вашиот изглед влијаел на вашите шанси за вработување? линк

·         Дали верувате дека изгледот на жената влијае врз нејзините шанси да напредува на работното место?

·         Дали жените на лидерски позиции се почесто општествено осудувани за нивниот изглед во споредба со мажите?

Ова се само дел од прашањата во прашалникот со кој вашите искуства и мислења ќе станат дел од истражувачката сторија на Трн: „Влијанието на надворешниот изглед, особено на привлечноста на жените, врз нивното вклучување на пазарот на трудот, напредувањето во кариерата и постигнувањето општествено релевантни позиции“.

Сите ваши лични искуства и податоци кои ќе ги оставите во прашалникот ќе бидат заштитени и нема да бидат користени без ваша претходна согласност, а вашата приватност е целосно заштитена. За дополнителни информации, може да нè исконтактирате на е-маил адресата: info@trn.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни