Search
Марш за поддршка, еднаквост и почитување на ЛГБТИ+ луѓето, придружен со одлична забава

Спектакуларно непослушна петта Парада на гордоста во Скопје

Денес во Скопје се одржува петтата по ред Парада на гордоста под мотото „Спектакуларно непослушни“. Маршот започнува во 17 часот од паркот „Жена борец“, а во 19:00 часот, по кратки поздравни говори, следува марш по скопските улици пропратен со DJ сетови. Скопје Прајд, како и изминатите години, ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови. Програмата на Стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 и ќе трае до 01:00 часот.

Програмата на Прајд ќе ја водат Линда Социјалиста, Ронда Ву и Петар Стојковиќ, а за забавата на учесниците ќе се погрижат Боле, Соња Исмаил, Илина Ангел, Нино Наумов, Мон Шери, Лазарус, Падре Долоросо, Естела Дарк, Дариа Бафи, Електра Блосом, Абхора Шон, Тиа Дол. Од камионот на Прајд кој ќе го следи маршот од паркот „Жена борец“ до Стадионот на АРМ, присутните ќе ги забавуваат Еми Ермилова и Марко Ангелоковски.

Организаторите предупредуваат учесниците на Скопје Прајд поради безбедносни причини да се движат во помали или поголеми групи во и надвор од зоната на Прајдот и по заминувањето од зоната на Парадата, тоа да се прави со придржуба и од себе да се отстранат видливи обележја, симболи, знамиња и визуелни материјали што асоцираат на Парадата.

„Бидете во контакт со луѓето со коишто сте дошле заедно и бидете постојано заедно. Доколку доаѓате сами, пристапете кон група на луѓе, запознајте се и поминете го овој ден со нив. Избегнувајте секакви провокации од страна и не реагирајте на нив. Не се впуштајте во конфронтации, туку само дистанцирајте се и пријавете го случајот во полиција“ велат организаторите.

Најново

Последни колумни