Синоќа на сцената на Македонскиот народен театар се одржа премиерата на оргиналниот македонски мјузикл „Као какао“, во режија на Дејан Пројковски, и сценарио на Венко Андоновски.
Насловот на музиклот е според истоимениот девети студиски албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987 година кој се смета за еден од најуспешните во историјата на југословенската рок музика. Наловната песна „Као какао“ е една од најпопуларните на „Леб и сол“.
Бројната актерска екипа со маестрален настап направи омаж на делото на Валтко Стефановски и неговиот бенд, измамувајќи овации од страна на присутните во салата.
Во мјузиклот настапуваат Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Антонио Ташковски, Наталија Теодосиева, Денис Абдула, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска и Леонида Гулевска,
Кореографијата е на Олга Панго
Вечерва од 20:30 мјузиклот одново е на сцената на МНТ, а билетите за него беа одамна распродадени.